Мбапе изгради училишта и фудбалски терени во три земји надвор од Европа

Од:

Освен што е фантастичен фудбалер, Килијан Мбапе (26) ја покажа и својата човечка големина. Иако често е перцепиран како егоцентричен и проблематичен во соблекувалната, овој потег ќе му донесе симпатии.

Имено, со помош на фондацијата Инспириран од КМ“, Французинот изгради училиште и фудбалско игралиште во Перу, училиште во Камерун и фудбалско игралиште во Алжир.

Мбапе е дете на камерунски татко и алжирска мајка, а неговиот татко Вилфрид еднаш откри дека планот бил Килијан да игра за Камерун.

Минатата сезона, тој постигна 44 гола и додаде пет асистенции во 59 натпревари за Реал Мадрид. Тој играше 90 пати за француската репрезентација и постигна 50 гола.

Би можело да ве интересира

Мбапе: Број 25 петпати го нарече Винисиус мајмун – тој не смее да дојде на „Бернабеу“

А1он

Таткото на Мбапе: Мојот син си замина од дома на 12 години, луѓето не го разбираат тоа

А1он

Финансиска војна: Мбапе го притиска ПСЖ преку судски извршител

Мбапе отсуствува три недели поради повреда на коленото, нема да игра во шпанскиот Суперкуп

Мбапе на суд бара 55 милиони евра од ПСЖ

А1он

Мбапе доби ѕвер од автомобил како подарок, но нема дозвола да го вози

А1он