Мбапе доби ѕвер од автомобил како подарок, но нема дозвола да го вози

Од:

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, доби уште еден автомобил, но не може да го вози, може само да го гледа.

Партнерството помеѓу БМВ и Реал Мадрид продолжува да се зајакнува, па фудбалерите на „кралскиот“ клуб добија автомобили од овој бренд, вклучувајќи го и Мбапе.

Сепак, 26-годишниот Французин сè уште нема возачка дозвола.

„Тоа е една од последиците од успехот на рана возраст. Пропуштив едноставни работи како што е добивањето возачка дозвола“, рече Мбапе.

Автомобилот што го избра Мбапе е БМВ i7 кој вреди повеќе од 130.000 евра.

Би можело да ве интересира

Мбапе: Број 25 петпати го нарече Винисиус мајмун – тој не смее да дојде на „Бернабеу“

А1он

Таткото на Мбапе: Мојот син си замина од дома на 12 години, луѓето не го разбираат тоа

А1он

Финансиска војна: Мбапе го притиска ПСЖ преку судски извршител

Мбапе отсуствува три недели поради повреда на коленото, нема да игра во шпанскиот Суперкуп

Мбапе на суд бара 55 милиони евра од ПСЖ

А1он

Мбапе изгради училишта и фудбалски терени во три земји надвор од Европа

А1он