Матеус: Ќе испаднеме од СП ако играме вака против Шпанија

Од:

Легендата на германскиот и светскиот фудбал Лотар Матеус ја критикуваше германската селекција по шокантниот пораз од Јапонија (1:2), во првиот натпревар на Светското првенство.

Рекордерот по бројот на одиграни натпревари на Светските првенства, изјави дека доколку Германците значително не ја подобрат играта против Шпанија, најверојатно ќе бидат елиминирани.

„Ако играме против Шпанија како што го одигравме второто полувреме со Јапонија, ќе бидеме елиминирани. Сега тимот е под екстремен притисок. Мора да победат. Еден бод веројатно нема да биде доволен“, изјави Лотар за „Билд“.

Матеус критикуваше и некои одлуки на селекторот Ханси Флик.

„Секогаш го поддржував, но не можам да разберам некои негови одлуки. Тренерот треба да се соочи со тешки прашања. Мене ме интересираат бековите. Зошто не играше Керер, кој игра во последно време? Головите што ги примивме дојдоа од крилните позиции. Зуле не е играч од средниот ред. За вториот гол Раум беше премногу напред, но дефанзивците се тука да се бранат. Шлотербек изгледаше изненадено и не беше доволно агресивен. Ниту измените беа добри“, заклучи Матеус.

Германија и Шпанија ќе играат в недела.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Матеус го поддржа селекторот Лев

Наум Локоски