Маркез со нова пол позиција

Од:

Шампионот во Мото ГП Марк Маркез продолжува со апсолутната доминација, по 10-те победи ќе стартува прв и на 11-та трка.

Маркез обезбеди пол-позиција на патеката во Брно (Чешка). Ѕвездата на Хонда забележа време од 01:55.585 мин.

Само 0,129 сек зад него се пласираше Андреа Довициозо (Дукати), а трет заврши Андреа Јаноне (Прамак Дукати) – на 0,141 сек.

Бредли Смит после новиот договор стигна до четвртата позиција (+0,145 сек). На петтото и шестото место се пласираа Маркес Дани Педроса и Хорхе Лоренцо (Јамаха).

Валентино Роси имаше доста проблеми, по паѓањето на послниот слободен тренинг по што под знак прашалник беше неговото учество во квалификациите во прашање.

Италијанската легенда помина еден медицински преглед, при кој беше откриено дека нема скршеници на левата рака. “Докторот“ имаше седмо време во квалификациите.

Маркез има една феноменална сезона, со оваа пол-позиција се наоѓа на чекор и од 11-та победа по ред.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

„Мравката“ повторно ита по патеките – Маркез се врати по осум месеци рехабилитација

Жарко Настоски

Валентино Роси ќе ја вози 20. сезона во Мото ГП

Ана Ололовска

Зарко легнува „под нож“ по бруталната несреќа во Австрија

Ана Ололовска

Мото ГП трки оваа сезона ќе се возат само во Европа

Жарко Настоски

Маркез: Целта е да се опоравам што е можно поскоро, за титулата – после тоа

Ана Ололовска