Кал Крачлоу на приватната Хонда триумфираше на денешната трка во кралската класа, за Големата награда на Австралија.
Возачот на LCR Хонда, ја заврши трката со време 40:48:543, а веднаш зад него се пласираше на подиумот легендарниот Валентино Роси, кој заостануваше 5 секунди, и како третопласиран на подиумот беше Маверик Винјалес.
Новиот шампион Марк Маркез неславно го заврши настапот во Австралија, откако излета во 18. круг од патеката, и тоа при водство на трката.
Маркез момелтано има 273 бодови, а потоа следуваат Валентино Роси и Хорхе Лоренцо со 216, односно 192 бода.
Следната трка е на програмата на 30. октомври, кога се вози ГН на Малезија.