Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез, ја освои пол позцијата во Мото ГП класата, во пресрет на трката за Големата награда на Арагон.
Шпанецот пред домашната публика до првата позиција стигна со време 1:46.635 минути, што за 0.631 секунди беше побрзо од времето на второпласираниот Марк Вињалес на Сузуки. Првиот стартен ред го комплетираше актуелниот шампион Хорхе Лоренцо на Јамаха.
Маркез на патеката во Арагон ја освои седмата пол позиција во сезоната, вкупно 29-та во кариерата.
Трката за Големата награда на Арагон, во кралската класа, ќе се вози в недела од 14 часот.