Маркез на пол позицијата во Америка

Од:

Марк Маркез ја освои пол позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Америка, која е трета во овогодишното првенство во кралската класа во Мото ГП шампионатот.

Возачот на Репсол Хонда до четврта последовна пол позиција на патеката во Тексас стигна со најбрзиот круг 2:03.188 минути.

Заедно со Маркез, трката од првиот ред ќе ја започнат возачите на Јамаха, Хорхе Лоренцо и Валентино Роси.

Покрај Лоренцо и Роси помалку од една секунда заостанување зад Маркез имаше уште само Андреа Јаноне на Дукати, кој го предводи вториот ред, во кој уште се Маверик Вињалес (Сузуки) и Кал Крачлоу (ЛЦР Хонда).

Тртата трка во сезонат ќе ја пропушти Џек Милер ( Марк ВДС рејсинг), кој падна на третиот тренинг и ја скриши метатарзалната коска во стапалото.

Трката за Големата награда на Америка ќе се вози в недела од 21 часот по македонско време.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

„Мравката“ повторно ита по патеките – Маркез се врати по осум месеци рехабилитација

Жарко Настоски

Валентино Роси ќе ја вози 20. сезона во Мото ГП

Ана Ололовска

Зарко легнува „под нож“ по бруталната несреќа во Австрија

Ана Ололовска

Мото ГП трки оваа сезона ќе се возат само во Европа

Жарко Настоски

Маркез: Целта е да се опоравам што е можно поскоро, за титулата – после тоа

Ана Ололовска