Маркез на чекор до нова титула

Од:

Шпанецот Марк Маркез победи на трката за Големата награда на Арагон. Возачот на Репсол Хонда победи пред двоецот на Јамаха, Хорхе Лоренцо и Валентино Роси.

Марк Маркез во 14-та трка сезонава ја забележа четвртата победа, вкупно 54-та во кариерата, која многу веројатно значи и шампионска титула за него на крајот од сезоната. Младиот Шпанец, светски првак во кралската класа од пред две години, стартуваше од пол позицијата и без поголеми проблеми прв мина низ целта.

Зад Маркез, клупските колеги од Јамаха, водеа голема борба за второто место, Лоренцо на пет кругови до крајот излезе пред Роси, но Италијанецот не се предаде, во претпоследниот круг успеа да го мине Лоренцо, но немаше контрола врз својот мотоцикл излета надвор од патеката, Шпанецот се врати на второто место, а Роси заврши трет.

Меѓу најдобрите десет во Арагон завршија Вињалес, Крачлоу, Педроса, браќата Еспаргаро, Алеш и Пол, Баутиста и Брадл.

Во пресрет на последните четири трки во кралската класа, Маркез има 52 бода повеќе од Роси. Наредната трка ќе се вози во Јапонија на 16 октомври.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

„Мравката“ повторно ита по патеките – Маркез се врати по осум месеци рехабилитација

Жарко Настоски

Валентино Роси ќе ја вози 20. сезона во Мото ГП

Ана Ололовска

Зарко легнува „под нож“ по бруталната несреќа во Австрија

Ана Ололовска

Мото ГП трки оваа сезона ќе се возат само во Европа

Жарко Настоски

Маркез: Целта е да се опоравам што е можно поскоро, за титулата – после тоа

Ана Ололовска