Мотоциклистот Марк Маркес со Хонда победи на денешната трка за Големата награда на Германија што се возеше на патеката во Заксеринг.
Ова беше деветта трка во годинашниов шампионат, а актуелниот шампион Маркес ја постигна само втората победа.
Второто место го освои неговиот клупски колега Даниел Педроса. Како трет трката ја заврши Валентино Роси на Јамаха, кој на половина од сезоната (пред паузата) има 13 бодови повеќе од вториот Хорхе Лоренцо.
Маркес на оваа патека има шест последователни победи во три различни класи, а последните три се во класата Мото ГП.
Шампионатот продолжува со трката што ќе се вози на 9.август на патеката во Индијанаполис.