Мареј во полуфиналето во Бризбејн

Од:

Енди Мареј се пласираше во полуфиналето на турнирот во австралискиот град Бризбејн, откако претпладнево го победи Денис Истомин (Узбекистан) во два сета со 6:4 и 7:6.

Тој во полуфиналето ќе игра со Јапонецот Кеи Нишикори кој доцна синоќа со 2:0 го победи Украинецот Александар Долгополов.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Григор Димитров од Бугарија и  Маркос Багдатис од Кипар.

Димитров во четвртфиналето го победи Јирген Мелцер од Австрија со 2:0, а Багдатис (Кипар) беше поуспешен од Французинот Жил Симон исто така со 2:0.

Традиционално со овој турнир се отвора тениската сезона и ова е еден од серијата турнири пред почетокот на Грен Слемот „Австралија Опен“.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Мелбурн има нова кралица, Медисон Кис сензационално го освои Австралија Опен

А1он

По Ѓоковиќ се бунтува и Шелтон: „Малку сум шокиран“

Закажан терминот за полуфиналето Ѓоковиќ-Зверев

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави видеото од водителот кој го навреди Ѓоковиќ и српските навивачи