Вториот тенисер на светот Британецот Енди Мареј успеа да победи на турнирот на Квинс клубот во Лондон откако направи пресврт во финалето и го совлада Милош Раониќ со 2-1 во сетови (6:7 (5:7); 6:4 и 6:3). Со овој триумф Мареј стана првиот тенисер со пет победи на овој турнир што се игра на тревната подлога и е најава на Вимблдон.
Раониќ го доби првиот сет и имаше водство од 3:0 во гемови во вториот, но Мареј направи брејк и успеа да го „сврте“ мечот во своја корист и изедначи откако го доби вториот сет со 6:4 во гемови. Во решавачкиот сет веднаш на стартот имаше брејк и ја искористи третата меч топка и мечот го заврши по два часа и 15 минути игра.
Ова за Мареј е 37.ма титула во кариерата.