Легендарниот Диего Армандо Марадона ја обвини Светската фудбалска федерација за лакомост обвинувајќи дека ФИФА го „јаде фудбалот“.
„ФИФА буквално го јаде фудбалот. Располагаат со 4 милиојарди долари додека на победникот на СП во Бразил ќе му дадат 35 милиони долари. Разликата е повеќе од очигледно. Народот мора тоа да го знае изјави Марадона за венецуелската ТВ Станица „Телесур“ за која ќе го коментира претстојното СП.
Аргентинецот го обвини претседателот на ФИФА Сеп Блатер дека располага со милијарди а не работи ништо.