Доцна синоќа управата на Манчестер Сити објави дека Роберто Манчини не е повеќе тренер на клубот.
Причина за неговиот отказ е неисполнувањето на зацртаните цели оваа сезона.
Манчини во Сити стигна на 19-ти декември 2009 година откако клубот го отпушти Марк Хјуз.
Тој минатата година ја освои титулата првак на Англија, прва во клубската историја.