Манчестер Сити може да загуби 40 бодови

Од:

Фудбалерите на Манчестер Сити би можеле да загубат дури 40 бода, доколку англискиот клуб биде прогласен за виновен за прекршување на правилата за финансискиот фер-плеј.

Од Островот пристигнуваат вести кои би можеле значително да го сменат текот на сезоната во англискиот шампионат.

Според порталот „goal.com“, Сити би можеле да загубат дури 40 бода, но лигата вели дека „автоматското испаѓање од Премиер лигата не е опција“.

Во случај на губење бодови, „Граѓаните“ би имале само еден бод и борбата за опстанок во тој случај би била извесна.

Дури 115 обвиненија за кршење на финансиските правила се покренати против тимот од Манчестер.

Заврши рочиштето за обвиненијата за наводно перење пари, но пресудата се уште не е изречена.

Сепак, изворите сугерираат дека „граѓаните“ од Манчестер може да се соочат со казни кои вклучуваат одземање на бодови, забрана за трансфери и потенцијална елиминација од Премиерлигата.

До крајот на Премиер лигата остануваат уште 15 кола, а Сити моментно ја зазема четвртата позиција со натпревар помалку и дури 12 бода помалку од првопласираниот Ливерпул.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити ја доби Премиер лигата на суд: Ова ќе ги чини десетици и десетици милиони

Предраг Петровиќ

Гвардиола претпазлив пред дуелот со Реал во ЛШ: Не играме добро сезонава

А1он

„Уште се мачиме, но ова е олеснување“ – Гвардиола по победата на Сити над Вест Хем

А1он

Гвардиола воведе карантин и на Божиќ

А1он

(ВИДЕО) Четата на Гвардиола повторно поразена во Премиерлигата

А1он

Силва: Сето ова го заслужуваме, се однесуваме како деца!

А1он