Манчестер Сити го совладаа тимот на Лестер на гостински терен со 2:0

Од:

Фудбалерите на Манчестер Сити го совладаа тимот на Лестер на гостински терен со 2:0, во 19. коло од Премиер лигата.

Она што е особено интересно е што Сити триумфот го оствари по речиси еден месец. Воедно, ова е прва победа на Сити по 20 октомври кога славеше против Вулверхемптон со 2:1.

Овој триумф им беше многу потребен на Граѓаните кои ја прекинаа серијата од пет врзани меча без триумф.

Тој му донесе водство на Сити во 21. минута, кога Савињо ја затресе мрежата покрај немоќниот голман.

Токму поранешниот играч на Жирона се најде во улога на асистент во 74. минута, кога нафрли, а топката стигна до Ерлинг Халанд, кој на крајот успеа да ја затресе мрежата во Премиер лигата.

Свои шанси имаше и Лестер, неколку добри, а на крајот можеше да го намали резултатот кога Џејми Варди во 90. минута ја погоди гредата.

Сепак, на крајот резултатот не се промени, а гостите постигнаа три поени.

Со оваа победа Сити стигна до 31 бод и се наоѓа на петтото место, додека Лестер остана на 18-та позиција со 14 бодови.

Би можело да ве интересира

Манчестер Јунајтед го совладаа Манчестер Сити со 2:1

Шок во Англија – Борнмаут го победи шампионот Манчестер Сити

А1он

Сити извлече само бод против Њукасл

Играчите на Манчестер Сити планираат штрајк поради новата ЛШ

Сити подобар од Кристал Палас, изедначен со Ливерпул на врвот на табелата

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ