Манчестер Јунајтед се враќа 111 години наназад

Од:

Проблемите за Манчестер Јунајтед не завршуваат ниту оваа сезона, а корените на кризата датираат цели 13 години – од заминувањето на легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Оттогаш, клубот од „Олд Трафорд“ забележа огромни загуби, потроши речиси две милијарди евра за трансфери и смени дури 11 тренери, иако во претходните 121 година имаше само 17 различни стратези на клупата.

Настапот во тој период е катастрофален – освоени се два ФА купа, два Лига купа и Лигата на Европа, додека во исто време се рушат негативни рекорди недела по недела.

Најновиот удар дојде по испаѓањето од ФА Купот против Брајтон и Хоув Албион, со што Јунајтед го заврши своето второ домашно куп натпреварување во сезоната веќе во 1. коло.

Бидејќи остана без сите пехари и не се појавува во европските натпреварувања, Манчестер Јунајтед ќе одигра само 40 натпревари оваа сезона.

Ова е најмал број на средби во една сезона од 1915 година, кога клубот одигра 38. Тоа е сезоната што заврши во пролетта 1915 година, по што англискиот фудбал беше запрен четири години поради Првата светска војна.

Со оглед на сите околности, некои навивачи иронично заклучуваат дека можеби е подобро за сопственото здравје да гледаат што е можно помалку натпревари од нивниот омилен клуб оваа сезона.

Би можело да ве интересира

Нико Ковач – кандидат за менаџер на Манчестер Јунајтед

А1он

(ВИДЕО) Манчестер е „црвен“ – Јунајтед го победи Сити во дебито на Карик на клупата

А1он

Манчестер Јунајтед го објави името на новиот менаџер

А1он

Манчестер Јунајтед го отпушти Аморим по слабите резултати

Нејмар се сели во Премиерлигата – станува „ѓавол“?

А1он

Аморим: Секогаш исто – кога победуваме не е до составот, а кога губиме – вината е на составот

А1он