Макрон го убедил Мбапе да остане во ПСЖ

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон го убедил Килијан Мбапе да ја одбие понудата од Мадрид и да го продолжи договорот со ПСЖ. Мбапе во финишот на минатата сезона, објави дека потпишал договор до јуни 2025 година. Според шпекулациите неделно заработува 1.000.000 евра, а само за потписот на договорот добил 100.000.000 евра.

Мбапе во интервју за „Њујорк тајмс“, открил како се одвивала целата операција, потенцирајќи дека парите не играле улога во носењето на одлуката.

„Дали поради парите го избрав ПСЖ пред Реал Мадрид? Не, бидејќи каде и да одам, ќе ги добијам парите“, рекол Мбапе.

Францускиот фудбалер открил колку бил важен разговорот со претседателот Макрон.

„Никогаш не можев да замислам дека за мојата иднина и кариера ќе разговарам со претседателот. Тоа е лудо. Тој ми рече: „Сакам да останеш, не сакам да заминеш сега. Ти си многу важен за нашата земја“. Кога претседателот ќе ви каже нешто такво, тогаш тоа е многу важно“, објасни Мбапе.

На крајот тој рекол дека не ја исклучува можноста во иднина да се пресели во Реал Мадрид.

„Сонот за Реал Мадрид? Никогаш не знаеш што носи иднината. Никогаш не сум бил таму и не му припаѓам на Реал Мадрид, но некогаш и делува дека мојата куќа е таму“.

Килијан игра одлично на почетокот на новата сезона, постигна седум гола на пет одиграни натпревари.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Искри во соблекувалната на Реал – ќе ја погоди ли Анчелоти вистинската позиција на Мбапе?

А1он

Мбапе и Кејн го поделија трофејот „Герд Милер“ во Париз

А1он

Маскиран, Мбапе е снимен како излегува од ноќен клуб за време на натпреварот Франција-Израел

Потпиша за Реал, па доби БМВ од 200.000 евра – но не знае да вози

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Спектакуларна промоција на Мбапе пред 80 илјади навивачи на Реал Мадрид

Мбапе мора да оди на операција