Македонските тенисерки обезбедија финале по триумфот над Косово

Од:

Женската тениска репрезентација на Македонија се пласираше во финалето на Третата Евро-африканска зона во „Били Џин Кинг“ купот. По двата меча во сингл, македонските тенисерки обезбедија водство од 2:0 и го елиминираа Косово.

Магдалена Стоилковска беше подобра од Доника Башота со 6-0, 6-1, а потоа Лина Ѓорческа славеше над Адријана Лекај со 6-2, 6-2.

Во второто полуфинале се среќаваат Република Ирска и Португалија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест