Македонските репрезентатовци на Специјална олимпијада ги освоија срцата во белгиски Есен

Од:

Македонските репрезентативци кои се дел од Специјалната олимпијада за лица со посебни потреби, в сабота во белгиски Антверпен го започнуваат своето учество на Игрите на Специјалната олимпијада за Европа и Евроазија, веќе една недела се подготвуваат во Есен, Белгија.

Деветтемина македонски спортисти со големи срца, заедно со своите тренери и вкупно 15-члената експедиција од Македонија, ги освоија срцата на граѓаните и управата на малото белгиско градче. По тој повод, синоќа во Есен беше организирано официјално примопредавање на олимпискиот факел, на кое илјадници граѓани на улиците ги поздравија македонските спортисти, а градоначалникот и Советот на Есен им приреди прием, на кој им се заблагодарија за тоа што своите подготовки ги одвиваат во градот.

Себат Ајвази, Севдо Ибраимова и Кристијан Тутурески (атлетика), Александар Цветковски (бадмингтон), Катерина Петковска, Драган Ѓорѓиевски и Христијан Стијанов (пливање) и Живко Стојанов и Цветанка Каракулева (пинг-понг) ќе ја претставуваат Република Македонија на Игрите на Специјалната олимпијада во Антверпен. Тие во Есен, каде се аклиматизираат до сабота кога започнуваат Игрите што ќе траат до 20-ти септември, беа пречекани како херои. Според Љупчо Петровски, претседател на Специјална Олимпијада Македонија, овие спортисти, кои се лица со посебни потреби се добро подготвени и во Есен ја брусат формата за да остварат одличен резултат на Игрите, кои по Специјалните летни олимписки игри се второ по ранг натпреварување за овој вид на спортисти.

Синоќа, градскиот Совет на Есен и градоначалникот на овој град им приредија прием во градската зграда, каде ги почестија со пригодни подароци, посакувајќи им огромен успех на Игрите, додека македонскиот амбасадор во Кралството Белгија, Лазар Еленовски, им порача дека Македонија се гордее со нив оти се вистински амбасадори на својата држава.

Инаку, на Игрите на Специјалната Олимпијада за Европа и Евроазија во Антверпен, покрај Македонија, ќе учествуваат и спортисти од 56 други држави и повеќе од 2.000 спортисти. Настанот го покрива сопругата на белгискиот крал, Принцезата Матилда.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ