Македонските ракометари поразени од Египет

Од:

Македонската ракометна репрезентација загуби вечерва на гостувањето во Каиро со 32-25 (12-10) во првиот од двата натпревари против Египет во рамки на ЕХФ неделата резервирана за меѓународни контролни натпревари.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одржуваа резултатска неизвесност до 42. минута, кога домаќините со серија од 4-0 стекнаа предност од 23-18, која до крајот на натпреварот беше недостижна.

Најефикасни во македонските редови беа Филип Талевски со шест и Филип Кузмановски со четири голови, а голманот Никола Митревски запиша 11 одбрани.

Македонските ракометари ќе имаат шанса за реванш против истиот противник утре во Каиро со почеток во 17 часот.

Двомечот против Египет е во рамки на подготовките на македонските ракометари за настапот на Европското првенство во 2022 година.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометари пристигнаа во Краков

Ракометарите ги почнаа подготовките за СП

Македонските ракометари го совладаа Израел во подготовките за Европското првенство

А1он

Македонските ракометари ги почнаа подготовките за јануарското Европско првенство

А1он

Еден бараж двомеч за македонските ракометари за СП 2021