Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година пристигна во Полска и се смести во хотелот „Мериот“ во Сопот каде ќе биде „базата“ на македонскиот тим за време на Европското првенство за играчи до 21 година што ќе се одржува во Полска.
Македонските фудаблери со чартер лет патуваа до Полска. Македонија натпреварите од Б групата ќе ги игра во Гдиња и Бидгошч. Нашата репрезентација е во групата заедно со селекциите на Шпанија, Србија и Португалија.
Македонија првиот натпревар го игра на 17. јуни во Гдиња против Шпанија, а на 20.јуни противник во Бидгошч ќе ни биде Србија, додека во последното коло на 23. јуни ривал ни е Португалија во Гдиња.