Македонските кадети загубија од Романија, денеска на мегдан со Израел

Од:

Македонската репрезентација за кошаркари до 16 години, со пораз од домашната Романија го почна настапот на турнирот во Таргу Џиу, на кој учествуваат четири кадетски селекции.

Романија беше подобра со 94:81, а попладнево „црвено-жолтите“ имаат дуел со силниот Израел, кој вчера убедливо ја надигра и победи Бугарија со 94:68. Израелците ќе ни бидат противници на кадетското ЕП кое летово ќе се одржи во Скопје.

На мечот со Романија, најефикасни во македонскиот национален тим беа Бошалески со 22 и Стојковски со 19 поени, а двоцифрен беше и Благоевски со 13 поени. Сите 12-мина кои отпатуваа во Романија, добија шанса да играат.

Би можело да ве интересира

Баделки убедливо го победија Нирнберг

Скопје домаќин на Европското првенство за кошаркарки до 18 години

Татјана Ташкова

Јуниорките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода во Струга ја освоија шампионската титула

МЗТ Скопје Аеродром ја освои титулата во М12

Наум Локоски