Македонските борачи Дејан Богданов и Дејан Митров со само по еден настап ги завршија борбите на Светското првенство во борење во слободен стил во Будимпешта.
Во категоријата до 84 килограми Дејан Богданов загуби во 16-финалето од Марко Лукас Рисен од Швајцарија со 4:1 на поени, а бидејќи и Швајцарецот загуби во следното коло Богданов немаше шанса за настап во репасажот.
Дејан Митров во категоријата до 66 килограми беше поразен од Руслан Плиев од Узбекистан со 7:0 на поени, а исто како и Богданов неговиот противник загуби во следното коло и со тоа заврши настапот на Митров.
И двајцата македонски борачи освоија медали на Медитеранските игри летово во Мерсин, Турција.