Јована Саздовска, левото крило во сениорската репрезентација на Македонија во следните две сезони ќе биде дел од европскиот вице-шампионскиот тим на Вардар.
„Црвено-црните“ се договорија со Саздовска која по една сезона во Романија се враќа во Македонија.
Саздовска за неколку денови ќе го прослави 24 роденден, и досега има над 30 настапи за сениорската репрезентација на Македонија. Има искуство и во играње во КПК.
Со ангажирањето на Саздовска во тимот имаме две македонски крила, Ристовска на десната позиција и Саздовска на левата. Таа е второто засилување за следната сезона за Вардар, по пивотменот Драган Цвијиќ.
Подготовките на Вардар за новата сезона почнуваат на 1 август.