Македонска Каменица доби нов шаховски клуб

Од:

Во Македонска Каменица започна да функционира новиот Шаховски клуб „Каменица – Саса“.

Како што информираше Влатко Ситновски, иницијатор за формирање на клубот, членовите на клубот за почеток ќе се натпреварува во младинските категории.

– Клубот има 49 членови сениори, 10 младинци, осум пионери и четири жени. Како регистриран клуб, ШК „Каменица САСА“ остварува право за натпреварување во тековната сезона на натпреварување, но поради недоволна подготвеност, оваа година клубот ќе се натпреварува во шаховското првенство во младински категории, вели Ситновски.

Додава дека клубот е формиран и целосно поддржан од општина Македонска Каменица, на чело со градоначалничката Соња Стаменкова и Рудник Саса, како општествено одговорна компанија од Македонска Каменица.

Натпреварувањата во домашното првенство и меѓународни турнири започнуваат од следната сезона. Од ШК „Македонска Каменица – Саса“ најавуваат дека во скора иднина ќе организираат силни домашни и меѓународни турнири.

Би можело да ве интересира

Тинејџер од Индија е нов светски шампион во шах

А1он

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ