Македонка дел од глобална спортска менторска програма во САД

Од:

Македонската параглајдеристката Силвија Митевска е една од шеснаесет девојки од цел свет кои поради своите спортски резултати и залагање за унапредување на жените преку спортски активности, се одбрани да учествуваат во менторската програма поддржана од американскиот Стејт Департмент.

Силвија е претседателка на здружението ТАКТ и ќе учествува во програмата во Вашингтон и Њујорк, каде по завршувањето ќе се стекне со титула нов лидер за глобалната спортска менторска програма 2016.

Заедно со менторката Сусан Кохиг, која е заменик претседателка на Националната хокејска лига, ќе разработат акциски план кој ќе се имплементира во Македонија, а ќе опфаќа зајакнување и унапредување на жените преку спорт.

Силвија Митевска е поранешна параглајдеристка и е втора Македонка одбрана да учествува во престижна менторска програма за спорт во САД.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“