Македонија со успехот на „ЗА-НЕД-ДО“ прва на Балканот

Од:

Академијата за боречки вештини „ЗА-НЕД-ДО” од Битола која е официјален претставник при [WFMC] Светскиот совет за боречки спортови и вештини за Република Македонија во периодот од 9-ти до 10-ти Март 2018 година зеде учество на првиот Балкански шампионат кој се одржа во Брчко, Федерација Босна и Херцеговина.

На настанот од големо значење во светот на боречките спортови и вештини Македонија ја претставуваа 23 спортисти кои одбележаа успех со освојување на 34 медали од кои 25 златни, 7 сребрени и 2 бронзени. Доминираа борбите од боречките спортови и вештини особено во Кик Бокс како и демонстациите во самоодбрана.

На настанот учество зедоа над 400 натпреварувачи од сите земји поранешни членки на Федерацијата Југославија како и Република Словачка и Република Унгарија. Пред почетокот на Балканскиот шампионат од страна на стручниот совет на Светската организација претседателот на истата за Република Македонија, господинот Златко Неделковски беше именуван и за претседател при Светската организација за регионот на Балканот кој брои 12 земји членки.

„Прво нешто што сакам да истакнам е дека ова е собир на стари пријатели и светски професионалци во светот на Кик Боксот и воопшто во боречките спортови и вештини со кои пред 35 години настапувавме под исто знаме а кои денес ни се достојни противници. Ова е збирот на оние мајстори кои ги донесоа боречките спортови и вештини на Балканот. Тоа ми дава за право по подолго време да изразам надеж дека полека но сигурно коцките во спортот полека започнуваат да се враќаат на своите вистински вредности и дека се повеќе ќе се имуни на општествените појави на политиканство, лаги и манипулации.

Второ ми е повеќе обврска и мисија па потоа чест што светскиот совет за боречки спортови и вештини ме именува за регионален претседател за земјите членки од Балканот. И тука работите се враќаат во нормала па се цени она што отсекогаш се ценело во нашиот спорт, искуството, професионализмот, резултатите и титулата која ни стои пред името а која ги содржи сите нив. Таа почит исто така низ годините имаше изместени поими за вреднување.

Она што пак лично ми е мило е што Република Македонија со својот тим, иако мала држава повторно успеа да постигне огромен успех па на крај и да добие посебно признание со кое официјално е прва по успех на Балканскиот шампионат. Како и секогаш така и сега сакам да истакнам дека колку успесите се поголеми толку е поголема одговорноста да ги оправдаме на следните настани од било кој калибар и воедно би сакал да искажам лична благодарност до оние кои прво сакаа а потоа и успеаја да ни помогнат да земеме учество на овој настан. Искрените пријатели денес се реткост.” – истакна Grandmaster Златко Неделковски – шеф на Македонската делегација и претседател на светската организација за Балканот.

„Како тренер по подолго време имав можност да видам со свои очи што значи почит во светот на боречките спортови и вештини од истакнати имиња за кои сум слушала. Беше убав спортски настан од огромно значење дотолку повеќе што некогашните колеги мајстори кои и ги донесоа за прв пат дел од контактните спортови на овие простори сега беа противници преку своите ученици или ученици на своите ученици на теренот. Сепак ние од Балканот каде по систематизација се броиме како 12 земји членки Балканскиот куп сме го сметале за нешто што е попатно а битно пред Европски или Светски настан. Сега гледам се враќаат тие вредности а како главен тренер на македонскиот тим гледам дека се соочуваме со нов предизвик затоа што земјите од Балканот имаат прилично префинет и строго професионален пристап во борбите, особено Кик Боксот што е пак одговор дека ние работевме на вистинскиот пат но и предизвик да се одржи чекорот во подготовката за настаните кои следат.

Македонскиот тим беше на ниво на својата задача и успехот беше неминовен дотолку повеќе кога постојано работите и кога согледувате дека натпреварувачите сакаат достоинствено но пред се професионално да ги бранат боите на својата земја.

За мене лично беше настан на кој видов како и ние од Балканот знаеме во боречките спортови и вештини да покажеме почит. Да ги надминеме разликите и поделбите и да се фокусираме само кон нашата спортска мисија. Она што како помлада го слушав но не го опојмував дека Македонија и името Златко Неделковски е запишано со големи букви во нашата бранша сега го доживеав лично пред моите очи. Понекогаш во спортот знаат да дуваат чудни ветришта но на крај со себе ќе ја понесат и прашината која ја донеле по што секогаш останува вистината.” – изјави Дијана Неделковска – главен тренер на Македонскиот тим.

Би можело да ве интересира

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“

Ана Ололовска

Промоција на монографија и документарец „Македонскиот сон: „Ние сме светски шампиони“ посветени на БК „Бучим- Јака“

Ана Ололовска

Утре во Струмица почнува 45. издание на боречкиот турнир „Македонски бисер“

Ана Ололовска

Македонските репрезентативци во граплинг четврти на турнир во Србија

Ана Ололовска

Љуљзим Вранези добитник на наградата „8. Септември“ за животно дело

Ана Ололовска

Велес ќе биде домаќин на Меѓународен турнир во мешани боречки спортови ММА

Ана Ололовска