Македонија со убедлив пораз од Франција го почна Европското првенство

Од:

Македонската женска ракометна репрезентација загуби од Франција со 14:24 во првиот натпревар од Европското првнество на кое сме ко-домаќини.

Македонските ракометарки, против дефанзивно најмоќната репрезентација во светот, немаа никакви шанси за позитивен резултат. Актуелните вице-шампионки од стратот го наметнаа својот ритам, нашите девојки буквално не може да дојдат до голот на Франција.

Македонија првиот гол го постигна во 16.минута, по 20 минути игра на контото на нашата селекција имаше два гола. Ниту Франција не блескаше во нападот, до 12.минута постигна шест гола, вкупно 12 во првиот дел.

Моника Јанеска со пет гола ја предводеше Македонија.

Во второто коло, во понеделник, Македонија ќе игра против Холандија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Галевски и фати пенал на Франција, ИХФ го стави во одбрано друштво

А1он

Митев: Со Катар одевме на се или ништо, ќе пробаме да ја изненадиме Франција

А1он

Лазаров по триумфот над Катар на СП2025: Верувам во оваа репрезентација

А1он

Митев: По овој бод со Австрија, одиме на победа со Катар

А1он

Македонија во последната секунда дојде до бод против Австрија на СП 2025

А1он

Македонските ракометари против Австрија ја отвораат Главната фаза на СП