Македонија против Данска за историски исчекор кон Светското првенство

Од:

Предводена од новиот селектор Гоце Седлоски, македонската фудбалска репрезентација вечер во Копенхаген ќе се соочи со Данска во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство 2026.

-Ова е голем момент за сите нас. Имаме шанса да се бориме за место на Светско првенство и тоа е мотив што ја обединува целата држава. Данска е квалитетен и респектиран противник, но и ние сме тука со причина. Во тимот гледам енергија, концентрација и желба. Играчите го разбираат значењето на дресот и верувам дека тоа ќе го покажат на терен. Подготвени сме тактички, знаеме што сакаме да играме, иако одлуката за составот и формацијата останува кај мене, изјави Седлоски вчеравечер на прес-конференцијата.

Данска на мечот влегува како голем фаворит, но нашите фудбалери најавуваат максимално залагање во обид да го изненадат квалитетниот ривал.

Почетокот на натпреварот во Копенхаген е закажан за 20 часот и 45 минути. Сите билети на стадионот „Паркен“ се распродадени, капацитетот е 38 илјади, помеѓу нив ќе има околу илјада македонски навивачи.

Победникот од овој дуел, во финалето на плејофот на 31 март ќе се соочи со поуспешниот од дуелот Чешка – Република Ирска.

Би можело да ве интересира

Македонските фудбалери отпатуваа за Копенхаген – в четврток е пресметката со Данска

А1он

Александар Трајковски: Верувам во оваа екипа, се надевам ќе успееме да го повториме успехот од Палермо

А1он

Седлоски: Не сме аутсајдери, Македонија е подготвена за предизвикот

А1он

Македонските фудбалски репрезентативци добија тешка група во Б сегментот од Лигата на нации

А1он

Познати фудбалски имиња ќе му бидат помошници на Седлоски во репрезентацијата

А1он

(ВИДЕО) Промоција на Седолоски: ќе остане и во Вардар, во репрезнтацијата ќе работи про боно