Македонската фудбалска репрезентација ќе се надигрува во групата Ј од квалификациите за пласман на Светското фудбалско првенство во 2026 година што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Денеска во Цирих „рисовите“ се паднаа во група со селекциите на Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.
Сите групи во квалификациите:
Група А: Победник Германија/Италија, Словачка, Северна Ирска, Луксембург.
Група Б: Швајцарија, Шведска, Словенија, Косово.
Група Ц: Поразен Португалија/Данска, Грција, Шкотска, Белорусија.
Група Д: Победник Франција/Хрватска, Украина, Исланд, Азербејџан.
Група Е: Победник Шпанија/Холандија, Турција, Бугарија.
Група Ф: Победник Португалија/Данска, Унгарија, Ирска, Ерменија.
Група Г: Поразен Шпанија/Холандија, Полска, Финска, Литванија, Малта.
Група Х: Австрија, Романија, Босна и Херцеговина, Кипар, Сан Марино.
Група И: Поразен Германија/Италија, Норвешка, Израел, Естонија, Молдавија.
Група Ј: Белгија, Велс, Македонија, Казахстан, Лихтенштајн.
Група К: Англија, Србија, Албанија, Летонија, Андора.
Група Л: Поразен Франција/Хрватска, Чешка, Црна Гора, Фарски Острови, Гибралтар.
Квалификациите за европските селекции за СП 2026 ќе започнат во март 2025 година со групите од пет учесници во квалификациите, додека групите со четири тима ќе започнат во септември 2025 година.
Победниците од групите одат директно на Светско првенство, второпласираните ќе играат бараж.