Македонија поразена и од Црна Гора, елиминација по првата фаза

Од:

Македонската ракометна репрезентација го претрпе и вториот пораз на Европското првенство. Загуби од Црна Гора со 28-24 во дуелот од вторто коло во групниот сегмент. Со ова нашите ракометари немаат шанса за пласман во следната фаза со оглед дека таму одат двете најдобри селекции од групата, а нам ни преостанува уште само понеделничката пресметка со Данска.

Нашиот тим лошо влезе во средбата, црногорските ракометари веднаш презедоа контрола и за кратко направија дистанца од четири гола предност. До крајот од водениот дел нашиот тим беше постојано во негатива, а во финишот имаше можност за израмнување, но Гоце Георгиевски ја пропушти приликата, а на пауза отидовме со еден гол заостанување.

Во вторто полувреме, македонските ракометари во 33 минута дојдоа до првото израмнување на натпреварот, но не успеаја да направат комплетен прсврт, па Црногорците речиси во целиот тек одржуваа два до три гола предност. Во 58 минута веќе имаа и пет гол предност по серијата грешки на нашиот тим и одличната серија во која влезе голманот Небојша Симиќ кој заврши со 13 интервенции.

Мартин Велковски и Цветан Кузмановски постигнаа по чест гола, Никола митревски имаше 11 одбрани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Галевски и фати пенал на Франција, ИХФ го стави во одбрано друштво

А1он

Митев: Со Катар одевме на се или ништо, ќе пробаме да ја изненадиме Франција

А1он

Лазаров по триумфот над Катар на СП2025: Верувам во оваа репрезентација

А1он

Митев: По овој бод со Австрија, одиме на победа со Катар

А1он

Македонија во последната секунда дојде до бод против Австрија на СП 2025

А1он

Македонските ракометари против Австрија ја отвораат Главната фаза на СП