Македонија ја совлада Литванија во Скопје и се пласираше на ЕП 2026

Од:

Ракометната репрезентација на Македонија триумфираше над Литванија со 26:17 (13:11) во дуел од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година.

По победата пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“, Македонија го освои второто место во групата и обезбеди пласман на континенталниот собир.

Нашата репрезентација одигра одлично второ полувреме и го оправда фаворитскиот статус и донесе голема радост на навивачите во земјава.

Најефикасни кај „жолто-црвените“ со по пет гола беа Филип Кузмановски и Мартин Серафимов.

Томовски пак запиша 10 интервенции.