По долго време, најуспешната македонска двојка која во минатото и го донесе најголемиот успех на македонската Дејвис куп репрезентација, тандемот Предраг Русевски и Лазар Магдинчев, ќе настапат заедно. Тие на турнирот што го организира ТК „Тенис Парк“ ќе учествуваат со „вајлд карта“.
Покрај нив, денес на терените на ТК „Тенис Парк“ ќе имаме можност да ги погледнеме мечевите на македонските тенисери: Томислав Јотовски, Горазд Србљак и Бесир Дургути.
Наградниот фонд на секој од трите турнири во организација на Тенис Парк е 10.000 долари.