Маер победник на турнирот во Хале

Од:

Германецот Флоријан Маер триумфираше на турнирот во Хале (тревната подлога) откако во финалето го победи својот сонародник Александар Зверев со 2-1 во сетови (6:2; 5:7 и 6:3).

Ова за Маер е само втора турнирска победа, а има 33 години и првиот трофеј го освои 2011 година во Букурешт. Маер се наоѓа на 192.место на АТП листата. Ова беше прв меѓусебен меч на двајцата тенисери.

Во првиот сет Маер имаше два брејка, а во вториот сет Зверев спаси две меч топки во 10.тиот гем и потоа успеа да изедначи на 1:1 во сетови. Во решавачкиот сет победникот на турнирот Маер имаше еден брејк што беше доволен за конечен триумф

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата

Сензација во Шангај: „Летечкиот Џордан“ го исчисти Алкараз