ЛШ: Вардар сигурен, Металург неизвесен, а вардарки паузираат

Од:

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави списокот на екипи кои аплицирале за место во Лигата на шампионите за следната сезона.

Македонскиот шампион Вардар има загарантирано место во елитното натпреварување, додека Металург ќе чека одговор до 18 јуни за кого е закажан состанокот на Извршниот комитет во Глазгов.

За настап во ЛШ за следната сезона се пријавиле вкупно 34 екипи од 23 земји, а има само 28 места.

Интересно е дека актуелниот европски шампион Монпелје нема загарантирано место, бидејќи тоа му припадна на ПСЖ како првак на Франција.

ЖРК Вардар, по неколку сезони во кои успеваше да се пласира на завршниот турнир, годинава нема да игра во елитното клупско натпреварување.

ЕХФ ги објави имињата на вкупно 26 екипи кои побараа место во Лигата на шампионите во женска конкуренција, но македонскиот шампион не е меѓу нив.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска