Лидерот во генералниот пласман во Мото ГП и бранителот на Хорхе Лоренцо е денешниот победник за големата награда на Италија која се возеше на патеката Муџело, додека миленикот на домашната публика Валентино Роси предвреме ја заврши оваа трка.
„Докторот“ уште во првиот свиок ја загуби првата позиција, а во осмиот круг поради проблеми со неговиот мотор мораше да се упати во боксот, што значеше за него крај на денешната трка.
Пред последниот свиок на челната позиција беше Маркез, кој изби на чело само неколку метри претходно, но на целната линија Лоренцо успеа да го надмудри својот сонародник и да ја забележи својата трета победа оваа сезона.