Лоренцо со рекорд на пол позицијата во Мизано

Од:

Шпанецот Хорхе Лоренцо ќе стартува од пол позицијата на трката во Мизано наречена по трагично загинатиот Марко Симончели, која на програмата е утре.

Лоренцо постави нов рекорд на патеката 1:31.868 минути и за нешто повеќе од три десетинки го остави зад себе тимскиот колега Валентино Роси.

Зад двоецот на Јамаха, трката на патеката „Марко Симончели“, ќе ја започне возачот на Сузуки, Маверик Вињалес, кој победи на последната трка во Силверстон.

Зад Вињалес е лидерот во генералниот пласман Марк Маркез, а потоа следуваат возачите на Дукати, дебитантот Микеле Пиро, кој го менува повредениот Андреа Јаноне и Андреа Довициозо.

Меѓу првите десет пласман изборија Кал Крачлоу, Дани Педроса и браќата Алеш и Пол Еспаргаро.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

„Мравката“ повторно ита по патеките – Маркез се врати по осум месеци рехабилитација

Жарко Настоски

Валентино Роси ќе ја вози 20. сезона во Мото ГП

Ана Ололовска

Зарко легнува „под нож“ по бруталната несреќа во Австрија

Ана Ололовска

Мото ГП трки оваа сезона ќе се возат само во Европа

Жарко Настоски

Маркез: Целта е да се опоравам што е можно поскоро, за титулата – после тоа

Ана Ололовска