Хорхе Лоренцо беше најбрз во квалификациите за трката во Валенсија и ја освои пол-позицијата, која ќе ни даде одговор на тоа кој ќе биде новиот шампион во „Кралската класа“.
Лоренцо пред конечната пресметка и борба на патеката „Рикардо Тормо“, има седум бодови негатива кои што мора да ги надополни во однос на Валентино Роси, па ќе се обиде утре од почетокот на трката, да стартува напред и со едно соло возење да дојде до неговата 5-та титула во кариерата.
Зад него на гридот ќе биде и двоецот на Репсол Хонда, Марк Маркез и Дани Педроса, додека Валентино Роси утре ќе стартува од последната позиција, нешто што му гарантира на Лоренцо дека е поблиску до титулата.