Лоренцо ги пропушта следните две трки во МотоГП

Од:

Пилотот на Хонда, Хорхе Лоренцо ќе ги пропушти следните две трки од календарот на МотоГП и треба да се врати кон крајот на август за Големата награда на Велика Британија. Шпанецот добил фрактура на два пршлени за време на првиот слободен Гран При на Холандија и му било советувано да продолжи со неговото закрепнување далеку од патеката. И покрај неговата рехабилитација минатиот месец, Лоренцо се уште има болки во грбот, откриваат од неговиот тим.

Така Лоренцо ќе ги пропушти претстојните по завршувањето на летната пауза трки во Чешка и Австрија. Наместо него ќе стартува резервниот пилот на Хонда, Штефан Брадел, кој возеше на местото на Шпанецот и во Германија. Таму тој успеа да заврши десетти.

Деби годината на Лоренц во Хонда стана потешка бидејќи не успеа да учествува во сите предсезонски тестови поради друга повреда, и од почетокот на сезоната 2019 година тој сè уште не успева да се прилагоди на неговиот нов мотоцикл. Трикратниот шампион во кралската класа се рангира на 16-то место во генералниот пласман со само 19 поени.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

„Мравката“ повторно ита по патеките – Маркез се врати по осум месеци рехабилитација

Жарко Настоски

Валентино Роси ќе ја вози 20. сезона во Мото ГП

Ана Ололовска

Зарко легнува „под нож“ по бруталната несреќа во Австрија

Ана Ололовска

Мото ГП трки оваа сезона ќе се возат само во Европа

Жарко Настоски

Маркез: Целта е да се опоравам што е можно поскоро, за титулата – после тоа

Ана Ололовска