ЛН: Шпанија ја совлада Англија на „Вембли“

Од:

Шпанија ја победи Англија со 2:1 на гостувањето на „Вембли“ во рамките на Лигата на нации.

Натпреварот од Групата 4 од Лига А траеше повеќе од 100 минути, а Англија во 11-та минута поведе со погодокот на Маркус Рашфорд. Но, две минути подоцна Саул Нигез беше прецизен за израмнување, а во 32-та минута Родриго и донесе победа на Шпанија и ги постави конечните 1:2.

За англиската репрезентација ова е прв пораз по 2007 година на „Вембли“, а воедно на натпреварот Луис Енрике дебитираше како селектор на шпанската клупа.

Во натпреварот од Групата 2 од Лига А, Швајцарија во Сент Гален убедливо го совлада Исланд со 6:0.

Босна и Херцеговина во Групата 3 од Лига Б ја совлада Северна Ирска со 1:2.

Во Групата 2 од Лига Ц се одиграа два натпревари при што Естонија ја совлада Грција 0:1, а Финска оставри победа над Унгарија од 1:0.

Во рамките на најслабата Лига Д во Групата 2, Белорусија убедливо го совлада Сан Марино со 5:0, а во истата група Луксембург забележа победа на домашен терен против Молдавија од 4:0.

Би можело да ве интересира

Познати полуфиналните двојки во Лигата на нациите

Наум Локоски

УЕФА ја објави програмата за второто издание на Лигата на нациите

Наум Локоски

Англија со пресврт ја совлада Хрватска и ја освои групата

Наум Локоски

Ангеловски: Агресивно од самиот почеток

Наум Локоски

Далиќ се жали на замор пред решавачкиот дуел со Англија

Наум Локоски

Португалија домаќин на првото издание на финалето на Лигата на нациите

Наум Локоски