Англија со пресврт ја совлада Хрватска и ја освои групата

Од:

Репрезентацијата на Англија ја победи Хрватска со 2:1 и го освои првото место во Групата 4 од Лига А во Лигата на нации.

Попладнево во Лондон на „Вембли“ Хрватска беше на прагот на нов голем успех, предводен од ремек-делото на Андреј Крамариќ во 57, но во последните 15 минути Англичаните направија целосен резултатски пресврт.

Прво, Џези Лингард изедначи во 78.минута, а седум минути подоцна Хари Кејн погоди за триумф.

По овој резултат Англија заврши на првата позиција со седум бода, Шпанија е втора со шест, а Хрватска последна со четири и испаѓа во Б-лигата.

Би можело да ве интересира

Познати полуфиналните двојки во Лигата на нациите

Наум Локоски

УЕФА ја објави програмата за второто издание на Лигата на нациите

Наум Локоски

Ангеловски: Агресивно од самиот почеток

Наум Локоски

Далиќ се жали на замор пред решавачкиот дуел со Англија

Наум Локоски

Португалија домаќин на првото издание на финалето на Лигата на нациите

Наум Локоски

Лев: Мора да се помириме со испаѓањето

Наум Локоски