Легендарниот Аргентинец продолжува да ја шири својата фудбалска империја – потврдено е дека Лионел Меси е новиот сопственик на шпанскиот клуб ЦД Елденсе!
Поранешниот играч на Барселона направи нов голем потег во светот на фудбалот. Како што беше официјално објавено, аргентинската фудбалска ѕвезда стана нов сопственик на Елденсе, клуб од втората шпанска лига.
Со тоа, Меси продолжува да ја гради својата фудбалска империја, а Елденсе е вториот клуб чија сопственост се поврзува со славниот Аргентинец.
Претходно, Меси се стекна со сопственички удел во Корнелја, исто така клуб од Шпанија.
Веста за влезот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во сопственичката структура на Елденсе предизвика голем интерес во јавноста, а останува да се види какви промени ќе донесе новиот сопственик и какви се долгорочните планови за клубот.
Во текот на својата играчка кариера, Меси освои практично сè што може да се освои, а сега очигледно ги проширува своите амбиции и надвор од теренот.
