Лина Ѓорческа загуби од Анисимова во историскиот настап на Вимблдон

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби од големата фаворитка Аманда Анисимова со 2-0 во сетови, но не разочара во дебитантскиот и историски настап на Вимблдон. За првпат во историјата еден македонски тенисер се појави во главниот ждреб на најпрестижниот тениски турнир во светот.

Ѓорческа во првиот сет даде солиден отпор и освои три гема. Анисимова ја потврди својата класа, таа е финалистка од минатата сезона, а има големи амбиции за освојување на турнирот.

Во вториот сет Аманда Анисимова славеше со 6-2 во гемови, а мечот траеше еден час.

Би можело да ве интересира

Ѓорческа дебито на Вимблдон ќе го има против ланската финалистка