Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја доби противничката во првото коло од главниот турнир на гренд слем турнирот Вимблдон. Ѓорческа која е прва македонска тенисерка што ќе игра во сингл конкуренција на завршница на гренд слем турнир, ќе игра против Американката Анисимова.
Анисимова е шеста на ВТА листата и тенисерка која минатата сезона играше во финалето на Вимблдон. Тоа само потврдува дека Ѓорческа доби исклучително тешка противничка во дебито на главниот турнир на еден гренд слем.
Македонската тенисерка испиша историја откако победи во сите три квалификациски дуели од неофицијалното светско тениско првенство. Лина ги победи Фита Болуда од Шпанија со 2:0, Жорге од Португалија со 2:1 во сетови и Бронзети од Италија со 2:0.
