Започна Лигата на шампионите.
Синоќа се одиграа првите натпревари, а во Барселона се одигра еден од поефикасните.
Барселона со убедливи 5-0 го совлада Антверпен.
Стрелец на еден гол беше Полјакот Роберт Левандовски.
Левандовски со тој гол постави личен рекорд од 100 гола во Лигата на шампионите.
Со тој гол влезе во клубот 100, во кој се и Кристијано Роналдо со 145 гола и Меси со 132 погодоци.
На Левандовски за тие 100 гола му беа потребни 139 натпревари. Тој постигна 6 гола за Лех, 18 за Дортмунд, 69 за Баерн и моментално има 7 гола во дресот на Барселона.
Со оглед на тоа што сезоната штотуку започна, ќе има шанса да ја подобри својата статистика.