Леонид Јандреоски нов генерален секретар на ФФМ

Од:

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го усвои предлогот за назначување на Генерален секретар на ФФМ.

Леонид Јандреоски е назначен за прв оперативец во „Куќа на фудбалот“ со мандат од четири години.

Леонид Јандреоски (02.10.1997) е дипломиран економист на економскиот факултет при УКИМ.

Има завршено магистарски студии на економскиот факултет во Љубљана, во областа спортски менаџмент.

Активно учество во организацијата на Европското првенство во фудбал до 21 година во Љубљана, Словенија 2021 година.

Стекнат сертификат за напреден спортски менаџмент, едукативна програма организирана од МОК.

Работно искуство има во реномираната компанија А1 Македонија во делот на маркетинг комуникации, продолжувајќи го искуството во истата област од Универзал Медиа.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

ФФМ за срамниот потег во Тетово: За вакви нелуѓе нема место во фудбалот

А1он

(ВИДЕО) Срамни сцени на фудбалски натпревар во Тетово – „навивачите“ на Шкендија без почит за 59 жртви во Кочани

А1он

ФФМ ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции поради трагедијата во Кочани

А1он

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Новоматик Македонија – нов спонзор на Фудбалската Федерација на Македонија