Смртта на Синиша Михајловиќ денеска го потресе фудбалскиот свет. Легендата на српскиот фудбал долго беше дел од италијанската елита и во тој период стекна многу пријатели.
Едне од нив е легендарниот напаѓач Бобо Виери.
Тој со култната фотографија од еден „фаст фуд“ во Белград испрати емотивна порака за збогување со Михајловиќ.
– Тешко е денеска да се најдат зборови. Почивај во мир голем воину, напиша Виери во објавата на социјалните мрежи.