Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров беше лидер на шпанскиот првак Барселона во новата победа во Лигата на шампионите.
На средбата од 4. коло во А групата, Барселона синоќа на свој терен убедливо го совлада швајцарскиот првак Кадетен Шафхаузен со 38:25.
Лазаров беше најдобар стрелец во победничката екипа со седум постигнати голови, додека Лука Марос со еден повеќе за Кадетен беше најефикасниот играч на натпреварот.
Борко Ристовски не доби шанса на овој меч, бидејќи на голот на каталонскиот тим беше одличниот Перез де Варгас кој забележа 15 успешни интервенции.
За Барселона ова беше четврта победа во исто толку одиграни натпревари и со осум освоени бодови е на првото место на табелата во својата групата.