Лазаров мораше да повика двајца голмани, меѓу позитивните на ковид и Митревски и Кизиќ

Од:

Ракометната федерација на Македонија доцна синоќа обелодени дека петмина од репрезентативниот табор имале позитивни резултатив на последното тестирање пред заминувањето на ЕП 2022, а неофицијално четворица од нив се ракометари, а дури двајца се голмани.

Позитивни на вчерашниот тест биле Никола Митревски, Марко Кизиќ, Гоце Ојлески, Михајло Младеновиќ и кондицискиот тренер Петар Баснарков.

Останува Мартин Томовски единствен здрав од тројцата чувари на мрежата кои беа повикани во декемвриските подготовки, па сега ќе мора да се бара замена од поширокиот список, со 35 ракометари. Опциите таму се Благојче Трајковски од Еурофарм Пелистер 2 и Градимир Чаневски од Бутел, кои не беа дел од тимот во овие две недели и потребно е исто така да имаат негативен тест за да отпатуваат за Дебрецен.

Македонија немаше ниту еден позитивен ракометар на сите тестирања наложени од ЕХФ, се до ова последното, пред поаѓањето на ЕП. Летот кон Дебрецен е закажан за денеска во 14.1.10, а првиот натпревар е в четврток од 18 часот, против Словенија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Галевски и фати пенал на Франција, ИХФ го стави во одбрано друштво

А1он

Митев: Со Катар одевме на се или ништо, ќе пробаме да ја изненадиме Франција

А1он

Лазаров по триумфот над Катар на СП2025: Верувам во оваа репрезентација

А1он

Митев: По овој бод со Австрија, одиме на победа со Катар

А1он

Македонија во последната секунда дојде до бод против Австрија на СП 2025

А1он

Македонските ракометари против Австрија ја отвораат Главната фаза на СП