Шпанскиот ракометен првак Барселона ја забележа десеттата победа во Лигата на шампионите, откако синоќа на гостувањето во Швајцарија кај Кадетен Шафхаузен славеше со 31:24.
Кирил Лазаров имаше четири реализации, а нова можност да биде на голот на победничкиот доби Борко Ристовски.
Со оваа победа, Барселона се зацврсти на првото место на табелата во А-групата. Каталонците сега имаат 20 од можни 22.
Македонскиот првак Вардар кој се натпреварува во Б-групата, својот натпревар од 11.коло во елитното натпреварување ќе го одигра утре на гости против Пик Сегед.